Исламска држава убила десетици сириски војници фатени во бегство

Терористите од Исламската држава синоќа убиле десетици сириски војници, кои се обиделе да избегаат од воениот аеродром Табка, кој се наоѓа во северниот дел од земјата, соопшти денеска Сирискиот центар за мониторинг на човековите права, со седиште во Лондон.

- Џихадистите синоќа убија десетици сириски војници фатени во бегство, откако ИД ја презеде контролата врз воздухопловната база Табка, изјави шефот на Центарот, Рами Абдел Рахман.

Борците на ИД се „пофалиле“ на Твитер дека убиле 200 војници на сирискиот режим.

Екстремистите ја освоија Табка во неделата по повеќенеделните борби околу базата, со што дополнително ја зајакнаа контролата врз провинцијата Рака.

28.08.2014 - 13:26
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега