Среде бел ден 39 годишен маж нападна службеничка во Владата

39 годишен маж вчера нападнал 3 жени во подземен премин во Белград, јавуваат спрските медиуми. Меѓу нпаднатите е и 39 годишна службеничка во српската Влада, поранешна ТВ водителка. Напаѓчот жените ги одбрал случајно. Се затрчувал кон нив и со боксови ги удирал по лицето и телото. Владината службеничка Тамара Милошевиќ, Грбиќ била третата жртва. Кога се симнала во подземниот премин, таа видела жена како лежи на земја. Пришла за да и помогне и тогаш добила удар. За среќа на местото се нашло храбро момче кое сконало врз напаѓачот и ги одбранило жените и повикало полиција. Напаѓот почнал да се оддалечува од местото, а момчето одело по него и ја наведувало полицијата, која на крајот го уапсила. Напаѓачот за кој се претпоставува дека е со ментални пореметувања, во кеса со него носел и ножици, па полицијата информира дека голема среќа е што е избегната трагедија.

 

 

28.08.2014 - 13:04
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега