„Ова момче не е за мојата ќерка“ - таткото на исчезнатата Марина правдата ќе ја бара на суд
Игор Стојановиќ татко на 17- годишната Марина која во јавноста е позната по нејзиното исчезнување која за среќа се појави здрава и жива. Игор вчера ја онесе својата ќерка во специјалната болница за зависности каде и е направен тест за дрога. Резултатот од тестот е негативен, односно тинејџерката во скорео време не била подлежна под никакви наркотични средства.
- Тестот е негативен, но поминати се 72 часа па постои можност нејзиниот организам да се очистел. Почнав мојата ќерка да ја водам по доктори и ќе направам се за да ја изведам на прав пат. Разговарав со Марина и успеав да и објаснам дека тоа момче не е за неа. Сакам да има нормален живот, а не да пребарува по контејнери, кажал таткото на 17- годишната Марина.
Таткото на Марина неможе да го прифати момчето во кое неговата ќерка како што таа вели е заљубена.
- Не, можам да прифатам таква личност која живее таков живот. Двајцата велат дека тоа е „љубов“, па која љубов е таа по само едно гледање. Јас се сомневам дека во прашање е сосема нешто друго.Овој случај ќе оди на суд и таму ќе откриме се. Денеска ми се јави мајка ми и ми кажа дека околу куќата шетаа сомнителни личности. Незнам дали е тоа случајност но ќе се потрудам да направам се за да ја заштитам мојата ќерка, рекол Игор.
За потсетување, 17- годишнат Марина избегала од својот дом за да замине во куќата на 19- годишниот Видан кој по националност е Ром.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа