Неколку интересни факти кои не сте ги знаеле за Кока Кола

Кока Кола е еден од најпознатите светски брендови, а во својата долга историја крие многу факти кои веројатно не сте ги знаеле.

- Само во две земји во светот не се продава Кока Кола. Тие се Куба и Северна Кореја. 

- Лименка од регуларна Кока Кола ќе потоне во вода, а лименка од диетална Кола ќе плута.

- Кока Кола е вториот најпознат израз на светот. Само "OK" е пред него.

- Секоја секунда во светот се пијат 10.450 шишиња безалкохолен сок од Кока Кола компанијата.

- Еден од заштитните знаци на компанијата е симпатичниот старец со брада кој носи поклони. Прв пат во кампањите на Кока Кола се појавил 1931. година.

- Службената Фејсбук страница на Кока Кола моментално има повеќе од 87 милиони фанови и е во постојан раст.

- Ден предџ неговата смрт, Мартин Лутер Кинг Џуниор ги повикал луѓето да не купуваат Кока Кола во Мемфис, бидејќи црните работници биле многу помалку платени од белците на плантажите на Кока Кола.

- Во 1985 година Кока Кола е продавана како лек кој лечи главоболка, импотенција и останати тегоби.

- Истата година Кока Кола стана првиот безалкохолен пијалак кој се нашол во вселената.

 

 

28.08.2014 - 12:35
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега