Честитка од СДСМ по повод празникот Успение на Пресвета Богородица

Претседателот на СДСМ Зоран Заев на сите верници од православна вероисповед им го честита големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица.

- Славејќи го денешниот ден, уште еднаш ги афирмираме основните човекови вредности на почит, правичност и праведност на кои треба да се базира едно современо и праведно општество. Денот на успението на Мајката Божја потсетува и на суштинското значење на мајчинската љубов и топлина, но и на човечката посветеност и искреност. Нека денешниот празник биде уште еден поттик за подадена рака, солидарност, меѓусебна поддршка и толеранција. Тоа е вистинскиот пат, по кој секој Христијанин, но и секој човек треба да чекори. Само со добри мисли и хуманост можеме да градиме заеднички дом, кадешто меѓусебната почит, разбирање и добрина ќе бидат приоритети, се вели во честитката од СДСМ

28.08.2014 - 12:33
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега