Пожар беснее на македонско-албанската граница
Силен пожар го зафати пограничниот регион меѓу Албанија и Македонија. Голем број на пожарникари од двете држави со крајни напори се борат против огнената стихија која беснее во тој регион.
Од Дирекцијата за заштита и спасување велат дека стихијата почнала во атарот на пограничното македонско село Горни Татеш.
Екипите на терен од двете страни се обидуваат да го локализираат пожарот.
28.08.2014 - 11:59
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа