Девојките соучеснички во убиството на Лука побарале повторно сослушување
Во Третото основно тужителство во Белград денеска повторно ќе бидат сослушани Тамара Богдановиќ и Милица Новаковиќ, кои заедно со бегалецот Марко Миличевиќ биле во "мини кантримен" - от кога на 25. јули на Бранковиот мост го удрил Лука Јовановиќ, кој подоцна почина.
- Богдановиќ и Новаковиќ ќе бидат повторно испитани на нивно барање и ќе видиме дали ќе кажат нешто ново, изјави за Танјуг тужителот Борис Павловиќ.
Тој додаде дека утре повторно ќе се изврши препознавање на осомничениот Братислав Весовиќ.
Двете девојки, кои тврделе дека не го познаваат, односно кобната вечер не го виделе Весовиќ кој е осомничен како главен помагач на бегалецот Миличевиќ, ќе бидат повикани да го идентификуваат помеѓу повеќе лица.
28.08.2014 - 11:41
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа