Формирани паралелки со помал број ученици во велешките средни училишта

Советот на Општина Велес на вчерашната 22. седница даде согласност за формирање на паралелки во велешките средни училишта со помал број ученици, информираше денеска   за медиумите Александар Колев  претседателот на Советот на Општина Велес.

ССОУ „Коле Неделковски“ Велес по претходно добиена согласност од Министерството за образование и наука, поднесе е барање до основачот, Советот на Општина Велес, за добивање согласност за формирање на паралелка за четврта година за образовен профил: хотелско-туристички техничар од угостителско – туристичка струка со број на ученици помал од законскиот минимум.

-Барањето е врз основа на интересот на учениците од оваа струка кои завршија трета година и имаат желба да го дооформат средното образование со четврт степен, информира Колев.

Советот го прифатил ова барање и со тоа од 1 септември ќе функционира оваа паралелка во ССОУ „Коле Неделковски.

Воедно советот на вчерашната седница го прифатил    Предлог- решение за давање согласност за формирање на уште една паралелка со помал број на ученици на ССОУ„ Коле Неделковски“ Велес. Како и    Предлог- решение за давање согласност за формирање на паралелка со помал број на ученици на ССОУ во Хемиското училиште „Димитрија Чуповски“ Велес,во Гимназијата „Кочо Рацин“ и во Економското училиште „Јовче Тесличков“ во Велес.

Како што информира Александар Колев, пред почетокот на новата учебна 2014/2015 година и по завршувањето на роковите за упис на ученици до Општина Велес општинските училишта испратија барање за формирање на паралелки со помал број на ученици од законски дозволениот минимум.

-Според Законската регулатива за основно и средно образование, основачот односно  Советот на Општина Велес е надлежен за давање на согласности за формирање на паралелки со помал број на ученици од дозволениот минимум, појасни Колев. 

27.08.2014 - 16:01
Фото: 
денешен
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега