Намерно се залетале со автомобилот во река - уште една трагедија
Загребската полиција ја пребарува реката Сава, откако денеска околу 15 часот им билo дојавено дека автомобил марка „фиат уно“ летнал во реката.
Надлежните се уште не утврдиле колку луѓе имало во возилото, но се претпоставува дека биле максимум две особи. Не се знае ни причината поради која автомобилот летнал во реката.
Но, според неофицијалните информации, автомобилот се залетал од брегот и летнал во близина на Мостот на слободата.
Екипите трагаат по возилото.
27.08.2014 - 15:45
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа