Честитка од премиерот Груевски: "Да се потсетиме на добрината и трпеливоста"

 

Премиерот Никола Груевски денеска упати честитка до поглаварот на Македонската православна црква - Охридска архиепископија, Архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан по повод големиот христијански празник - Успение на Пресвета Богородица.

- Дозволете ми вам лично, на членовите на Синодот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, како и на сите православни верници од Македонија и дијаспората, од мое лично име и од името на Владата на Република Македонија, да ви го честитам големиот христијански празник - Успение на Пресвета Богородица. Празнувајќи го овој празник, да се потсетиме на добрината, кроткоста и трпеливоста на Пресвета Богородица, да си споменеме за нејзината љубов и мајчинска грижа, но и да се потсетиме на нашите мајки, на нашите родители, на нашите постари. Како што Христос ја имал блиску при себе својата Мајка, така и ние да ги имаме за блиски нашите родители, вели премиерот Груевски во честитката.

Нека Пресвета Богородица, додава Груевски, биде наша водилка, наша поткрепа, нека подари здравје и љубов во сечие семејство.

27.08.2014 - 14:24
Фото: 
денешен
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега