ВИДЕО: Ова е најдобриот гитарски риф на сите времиња

Гитарскиот риф од песната "Whole Lotta Love" на легендарните Led Zeppelin е прогласен за најдобар на сите времиња во голема анкета спроведена меѓу слушателите на Би Би Си - евото Радио 2.

Тој рок класик на Џими Пејџ е избран меѓу 100 понудени рифови кои ги избра панел од музички критичари, радиски водители и продуценти.

На второ место е рифот од "Sweet Child O' Mine" на Guns 'N' Roses, а ги следат "Back In Black" на AC/DC и "Smoke On The Water" на Deep Purple.

 

27.08.2014 - 14:06
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега