Французите се помалку купуваат автомобили

Продажбата на нови автомобили во Франција продолжува и натаму да се намалува, забележуајќи пад од 10,3 отсто во текот на минатиот месец, кога беше извршена регистрација само на 148.554 нови автомбили, јави дописникот на МИА од Париз.

Како што соопшти денеска Комитетот на француските автомобилски конструктори, сепак сите француски марки не се во иста ситуација. ПСА („Пежо Ситроен“) забележа намалување за 8,2 отсто со 45.244 новорегистрирани автомобили, пред се како резултат на намалувањето од само 2,9 проценти на „Пежо“, додека кај „Ситроен“ падот на проджабата во текот на минатиот месец е 14,5 отсто.

„Рено“ од своја страна забележа пад од 16,5 отсто, при што дури 20,3 проценти на автомобилите кои се продаваат под марката „Рено“. Минатиот месе се регистирани само 30.837 нови автомобили на „Рено“.

Странските марки заедно бележат пад од 8,4 отсто, односно само 72.406 новорегистрирани автомобили

најчитано сега