НАСА ја откри мистеријата со "бутната коска" пронајдена на Марс

 

„Фосилизираната бутна коска“ што многумина ја видоа на сликите од Марс што ги објави американската агенција НАСА, предизвика бурни реакции во јавноста.

Сепак, НАСА ја демантираше веста дека станува збор за бутна коска и објави дека тоа е само обичен камен.

„Не станува збор за вонземска коска. Научниот тим кој стој зад оваа мисија, смета дека каменот добил ваква форма поради последиците од ерозијата од вода или пак од ветер“ - објави НАСА.

Од друга страна, многумина сметаат дека во прашање е доказ за постоењето живот на Марс.

 

27.08.2014 - 11:41
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега