„Ме стегна срце кога ја здогледав" - се отвори таткото на исчезнатата малолетничка
17-годишната Марина од Белград која избега од дома за да биде со саканиот, а нејзините во полиција пријавија дека исчезнала, порадо што цела Србија се крена на нозе, била кај своето момче кое инаку е од ромска националност. Девојчето се решило да избега бидејќи нејзините не ја одобрувале таа врска и вели дека не се кае за тоа.
Нејзиниот татко Игор Стојановиќ вели дека се шокирал кога ја видел ќерка си.
- Не сакаше да зборува со мене, а бидејќи имам проблеми со срцето ми се слоши. Мислам дека беше под дејство на дрога. Очите и беа црвени и имапе подочници. Изгледаше нечисто, неуредно и зборуваше неповрзано. Јас на моето дете му посакувам се најдобро па се согласив на компромис, вели тој за српскиот Ало.
Тој вели дека момчето во кого се заљубила ќерка му има криминално досие и дека не му е јасно ако се искрени намерите, зошто и тој и неговото семејство кога виделе дека цела Србија ја бара Марина, не јавиле во полиција дека е жива и здрава.
За разлика од таткото кој вели дека неговото дете било киднапирано и јадело остатоци од контејнер, малолетничката за Ало тврди дека заминала од љубов и не се кае за тоа.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа