Полицијата во Перу заплени 3,3 тони кокаин
Перуанската полиција соопшти денеска дека запленила најмалку 3,3 тони кокаин, што претставува најголема заплена оваа година, а дрогата била скриена во јаглен наменет за Белгија и Шпанија.
Шефот на одделението за борба против наркотици, Висенте Ромеро, изјави дека се уапсени двајца Мексиканци и петорица Перуанци, а се верува дека дрогата ја шверцувал еден мексички картел, пренесува агенцијата АП.
Дрогата е пронајдена во една куќа во предградие на пристаништето Трухиљо на севорот од Перу, по шестнеделана операција на следење и прислушување, организирано во соработка со американската Упарава за борба против дрогата.
Ромеро истакна дека тоа е најголема заплена на кокаин во Перу оваа година. Оваа земја во 2012. година ја помина Колумбија како најголем произведувач на кокаин на светот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа