Во Сирија убиен уште еден Косовец

 

25- годишниот М.Л. од Скендерај (Косово) загина на боиштата во Сирија, како припадник на џихадистите.

Со ова бројот на загинатите Косовци, се искачи на 38, иако се верува дека бројката е поголема.

Пред два дена косовската полиција на приштинскиот аеродром не му доволила да замине за Турција на Грамос Шабани од Милошево кај Обилиќ, поради основан сомнеж дека крајната дестинација на Косовецот со белгиско државјанство била Сирија за да се приклучи на терористичките групи на ИДИЛ.

Тој со себе имал материјали во кои се искажува симпатија кон ИДИЛ. Веднаш му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена. Деновиве од аеродромот беше вратено 16-годишно момче од Витина, кое изјавило дека оди за Турција каде ќе го чекале некои луѓе за да го префлат во Сирија. Тоа било без родители, живеело со баба си и помалата сестра, во многу голема сиромаштија. 

27.08.2014 - 09:06
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега