Македонки вечерва ќе трчаат на штикли

 

Трката на штикли на Широк Сокак, по примерот на бројните светски трки и со меѓународни стандарди, вечерва по трет пат ќе се одржи во Битола. Почетокот е закажан за 21 часот.

Водител на манифестацијата ќе биде Игор Џамбазов, а регуларноста на трката ќе ја следи тричлено жири во состав на јавни личности. Покрај трката предвидена е и богата музичка програма.

Во Трката на штикли на Широк сокак, учествуваат девојки од цела Македонија кои се натпреваруваат во две полуфинални трки и една финална трка, а годинава на стартот ќе застанат и познати манакенки.

За сите натпреварувачки се предвидени вредни награди.

26.08.2014 - 15:33
Фото: 
точка
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега