Навивачките групи на заедничка маса со МВР и ФФМ

МВР, ФФМ, претставници на навивачките групи и на клубовите седнаа на заедничка маса во обид да се изнајдат решенија за проблемите кои се појавуваат на спортските натпревари.

Министерската Гордана Јанкулоска средбата на оцени како конструктивна и корисна: - Навивачките групи побараа подобра координација по однос на тајмингот на нивно влегување и излегување од стадионот бидејќи имаа забележки за губење на одредени минути од сортскиот натпревар кои несомнено се значајни. Процесот на организација од страна на спортските клубови, во смисла на подобра координација со министерството како институција која е поискусна, во делот за проценката на бројот на обезбедувачи од приватни агенции или редари, што може да придонесат за поголема безбедност, односно создавање на услови каде МВР не би ни ималопотреба да реагира. Конструктивна беше и сугестијата да се специјализираат полициски службеници по однос на спортската проблематика, истакна Јанкулоска.

Претседателот на ФФМ, Илчо Ѓорѓиевски истакна посочи средбата е од големо значање и на истата се разговара отворено со цел подобрување на ситуацијата и враќање на навивачите на стадионите.

-Имаат свои конструктивни идеи кои ние како Фудбалска федерација ќе ги земеме во предвид, за да придонесеме кон уште поголема безбедност на нашите стадиони. Конструктивни предлози, дијалог кој мислам дека во значителна мерки ќе ги подобри релациите меѓу сите инволвирани страни, потенцираше Ѓорѓиевски.

26.08.2014 - 15:04
Фото: 
курир
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега