ДПА го напушта Собранието
Пратеничката група на ДПА ја напушта работата на македонското Собрание. Информацијата ја соопштија на прес-конференција по инцидентот во Комисијата за финансирање и буџет, каде се степаа десетина пратеници од двете албански партии во земјава.
Од ДПА велат дека ќе бараат кривична одговорност од пратенците на ДУИ и додаваат дека денешниот инцидент е кулминација на како што велат насилната политика која со години ја спроведува ДУИ.
26.08.2014 - 13:54
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа