Талат Џафери: Да бев нападнат немаше да седам тука

„Да бев нападнат немаше да седам тука. Еве гледате како изгледам. Доколку ми било нешто немало да бидам овде", рече денеска Талат Џафери во краток коментар низ собраниските ходници. Тој додаде дека неговата партија е на координација по што ќе се знае нивниот конечен став.

Од она што може репортерот на Пресс 24 да го забележи во моментов, пратеникот Реџаил Исмаили има завој на левото око. Побарал помош од лекарските служби на собранието, и во моментов се чуствува добро.

Тоа значи дека најмалку уште еден пратеник учествувал во инцидентот во македонското Собрание.

26.08.2014 - 12:52
Фото: 
дневник
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега