Средба Вељаноски-Орјан: Пријателски однос и голем потенцијал за соработка

  

Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, оствари средба со новоименуваниот амбасадор на Државата Израел за Република Македонија Дан Орјан, при што му посака добредојде и успешна работа.

            Претседателот Вељаноски покрај честитките изрази и подготвеност за поддршка, притоа изразувајќи задоволство за неговата успешна посета на Израел во 2010 година каде што негов домаќин бил Н.Е Реувен Ривлин тогашен спикер на израелскиот Кнесет и сегашен Претседател на државата.

Собранискиот спикер го потенцираше заложувањето за интензивирање на понатамошните контакти на ниво на средби на претседатели но и на ниво на парламентарни групи за соработка и пратеници, како и задоволството да се биде домаќин на претставници на Државата Израел. Амбасадорот Орјан се согласи и изрази желба за продлабочување на соработката помеѓу двете држави покрај државната и парламентарната и во областите кои се од заеднички интерес како образованието, енергетските извори и животната средина.

            Двајцата соговорници се согласија дека е увиден голем потенцијал за соработка како и дека двете држави имаат одличен пријателски однос за којшто постои желба истиот да продолжи и понатаму. 

26.08.2014 - 12:43
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега