ГОБ „8.Септември“ - болница на годината!
Благодарение на ДСГ методологијата која е воведена во 2009 година, во текот на минатата гoдина бројот на граѓани кои добиле здравствени услуги во општите болници е зголемен за 13.300 граѓани. Повеќе од половина од пацинетите се лекувале во Скопје.
Ова на денешната прес конференција го истакна портпаролот на ФЗОМ, Бранко Аџигогив, кој додаде дека болница со најголем број на пацинети во Р.Македонија е ГОБ „8.Септември“, каде минатата година биле дадени здравствени услуги на дури 10.643 пациенти.
-Извештајот за 2013-та година се однесува на споредба на болниците и нивното работење во земјава и пред се е наменет на општите болници и здравствените услуги кои ги даваат. Самиот извештај се однесува на 59 здравствени установи, од кои 5 се приватни. Во 2013-та се лекувани 223.439 пациенти, што претставува 13.300 повеќе од претходната година, истакна Аџигогов.
Од ФЗОМ велат дека болницата „8.Септември“ е лидер во три од петте најбитни категории во ДСГ методолгојата, прогласувајќи ја оваа здравствена установа за болница на годината.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа