ФЗОМ: Здравствените услуги подобрени - пациентите се помалку чекаат

 

Се зголемува ефикасноста на здравствените услуги и стручноста на лекарските тимови, а листите на чекање и престојот на пациентите во болниците се намалуваат, покажува годишниот извештај за хоспитално лекуваните лица во Македонија.

Според извештајот кој опфаќа 59 здравствени установи од кои пет приватни, сложеноста на хируршките и интернистичките зафати расте. 

- Минатата година се лекувале вкупно 223.439 лица што е 13.300 повеќе од 2012-та. Ова значи дека листите на чекање се намалуваат и во пракса, повеќе пациенти добиле здравствена услуга. Најмногу или половина од вкупно третираните се во скопскиот регион, додека во однос на болниците, клинички и општи, предничи ГОБ „8-ми Септмеври“ каде се лекувани 10.643 лица, соопшти денеска портпаролот на Фондот за здравствено осигурување Бранко Аџигогов.

Општите болници лани речиси немале хируршки интервенции освен три,  ГОБ „8-ми Септмеври“ каде 50 отсто од здравствените услуги се хируршки, Општата болница Прилеп скоро 29 и Општа болница Струга - 24 проценти, посочи Аџигогов.

Од сите хируршки лекувани пациенти, пак, 62 отсто биле во Скопје.

Минатата година исто како и во 2012-та, најзастапени здравствени услуги се нормално породување без компликации, згрижување новороденче без компликации, респираторни инфекции без компликации, горно респираторни инфекции со воспаление на уво и породување со царски рез без компликации. Просечениот престој на пациентите во болниците на национално ниво бележи континуирано намалување, од 6,2 дена во 2009-та до 5,5 дена за 2013 година. Ова, оцени портпартолот, е една од главните придобивки од воведувањето на ДСГ методологијата.

Просекот на сложеноста на интервенциите бил 1,09 што е благо покачување од 2012-та и покажува зголемена стручност на лекарите.

- Би сакале јавно да ги пофалиме болниците со највисок индекс на сложеност на лекуваните пациенти, Градската општа болница 8 Септември (1,26), Општата болница Прилеп (0,81) и Општата болница Охрид (0,79), истакна Аџигогов.

Општи болници со најнизок индекс, 0,43, е Болницата во Дебар.

За 2013-та, најуспешна болница е ГОБ „8-ми Септмеври“ која во три од петте најбитни категории е лидер. 

MIA

26.08.2014 - 11:59
Фото: 
канал5
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега