Сопругата на Милошевиќ нека проговори за убиството на татко ми- збесна синот на Иван Станболиќ

 

Поранешниот претседател на Србија Иван Стамболиќ пред 14 години беше киднапиран во белградски Коштуњак и потоа убиен на фруша Гора по наредба на Слободан Милошевиќ.

Петмина припадници на „црвените баретки“, нивниот командант Легијата неговиот заменик Милорад Брацановиќ и шефот на Државната безбедност, Радомир Марковиќ се правосилоно осудени за ова убиство, а со пресудатата се утврдува дека убиството го извршиле по наредба од Слободан Милошевиќ, тогашен претседател на поранешна Југославија.

Синот на Иван Стамболиќ прозборе за убиството на неговиот татко за српски Блиц.

- Татко ми често го влечкаше Милошевиќ зад себе и го доведе на местото од каде тој почна да ја урива Југославија. Му обезбеди функиција од кој тој го избрка од политиката, и му го направи тоа што го направи, а граѓаните и државата ги доведе на раб на опстанок, рекол Вељко 

Синот на Иван Станболиќ ја прашува сопругата на Слободан Милошевиќ зошто е убиен неговиот татко.

- Мира Марковиќ треба да се праша зошто нејзиниот сопруг го уби мојот татко, кој му беше ментор, изјавил синот на Иван Стамболиќ.

Во неделата во круго на семејството беше одбележана годиншнината од смртта на Иван Стамболиќ. Според синот на Иван никој од државните преставници никој не посакал да дојде „како да не сакаат да се сеќаваат на тоа“.

За потсетување, Иван Стамболиќ беше убиен на  25 август 2000 година во близина на неговиот дом во Белград, како што вели синот на Иван на тој ден бил роденденот на неговата помлада ќерка Тијана. 

Извор: српски Блиц 

26.08.2014 - 11:13
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега