Снимката од убиството на Џејмс Фоли е лажна?

 

Искусни форензичари за британски Телеграф тврдат дека снимката од убиството на американскиот новинар Џејмс Фоли е лажна. Весникот објави и анализа од една агенција за форензика.

Во анализата се напоменува дека никаде не се гледа крв, иако ножот го пресекува вратот најмалку 6 пати. На снимката има и траги од дополнително средување и монтирање.

Звуците што ги прави Фоли не одговараат на звуците што би се очекувало да ги прави под такви околности.

За време на говорот на Фоли се слуша и едно "бип", што можеби укажува на тоа дека новинарот повторувал една реченица повеќе пати.

- Мислам дека снимката е наместена. Мојот впечаток е дека погубувањето се случило откако камерите се угаснале,  објаснил еден од стручњаците кои го проучувале видеото.

26.08.2014 - 10:33
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега