Едвај спаси жива глава момчето кое ја тепаше Ријана
Славниот рапер Крис Браун организирал забава во гламуризен ноќен клуб во Лос Анџелес на која при крајот дошло до пукање.
Се претпоставува дека цел на напаѓачите бил токму Браун, поранешното момче на Ријана, но, за среќа, не е повреден. Пејачката неколку пати беше претепана токму од него.
Во престрелката се повредени три лица, од кои едното е во тешка состојба. Анонимниот напаѓач бил приведен, а очевидците се во шок и изјавиле дека не можеле да им поверуваат на очите кога виделе дека се пука во Крис Браун.
26.08.2014 - 10:26
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа