Собранието со полни раце работа - седници на пет собраниски комисии

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за економски прашања, за политички систем, за надворешна политика, за европски прашања и законодавно правната комисија.

На дневен ред на Комисијата за економски прашања се предлог законите за изменување дополнување на Законот за јавните претпријатија, на Законот за возила и на Законот за трговските друштва, сите во прво читање, како и Годишниот извештај за работата на Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија во 2013 година

Членовите на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците ќе го разгледуваат Годишниот извештај за работата на Државниот совет за превенција на детско престапништво и за состојбите во областа на правата на детето и малолетничкото престапништво во 2013 година.

Комисија за надворешна политика, пак, ќе расправа по предлог законите за ратификација на :00 часот Протоколот кој се однесува на дефиниција на поимот „производи со потекло“ и методи на административна соработка кон Договорот за изменување и пристапување кон Централно-европскиот Договор за слободна трговија, на Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Србија за размена и заемна заштита на класифицирани информации и на Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Индија за одбегнување на двојното оданочување и за заштита од фискална евазија по однос на даноците на доход.

Пред членовите на Комисијата отчетно обраќање ќе има амбасадорот Петар Јовановски за вршењето на должноста амбасадор на Република Македонија во Државата Израел

Законодавно-правна комисија ќе одржи три седници. На првата ќе го разгледа Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот на Република Македонија за 2014 година и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност - ИИ читање. На втората седница Комисијата ќе го разгледува Текстот на Нацртот на амандмани на Уставот на Република Македонија, додека на дневен ред на третата седница, меѓудругите, се Предлог-закон за дополнување на Законот за спортот, Предлог-законот за прогласување на Старото градско јадро на Кратово за културнио наследство од особено значење, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за ревизија...

Членовите на Комисијата за европски прашања ќе ги разгледаат Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за ревизија и Предлог-законот за превенција, спречување и заштита од семејно насилство, двата во прво читање. 

26.08.2014 - 09:14
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега