Прилеп: Го каснале 4 стршлени - едвај преживеал

 

Рубин Дивјакоски од прилепското село Крушани деновиве доживеал 4 убоди од стршлени, додека со синот се шетал низ блиската шума. Набрзо како што вели го изгубил видот, а потоа колабирал.   Откако почувствувал силен убод, се јавил во итната медицинска помош во Прилеп, од каде медицинска екипа, тргнала на пат кон Крушани.  Во овој видео записот Дивјакоски ја раскажува личната драма што ја преживеал, во тие критични 20-ина минути додека бил пренесен во интерното одделение на прилепската болница, каде ја примил потребната терапија. 

25.08.2014 - 23:11
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега