Сопругата на Јанко се отвори: Ми умре на раце додека бевме на одмор
Јанко Узунов, музичарот кој остави многу зад себе, вчера ненадејно почина.
Со сопругата биле во Берово, на семеен одмор. Жаклина за „Вест“ изјавила дека Јанко и умрел на раце.
Тие се подготвувале да заминат на одмор, а таа вели дека не ни помислувала дека ќе се случи ваква трагедија.
Узунов починал неочекувано, во Берово, на семеен одмор. Тој е роден во 1951 – та година во Валандово, а музичката кариера ја започнува на почетокот на седумдесеттите години на минатиот век со првата снимка, “Магдалена”, песна на Димитар Масевски.
Последните години Јанко Узунов беше насочен на работата на своето приватно училиште по гитара.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа