Руски тенкови влегле во Украина, битката е во тек
Украинските власти соопштија дека нивните граничари воделе битка со конвој од неколку десетици руски оклопни возила и тенкови, кои наводно влегле на украинска територија од Русија кај Азовското море.
- Украинската граница ја преминал конвој од неколку десетици тенкови и оклопни возила кој влегол во област близу до украинскиот индустриски град Мариупол, изјави портпаролот на силите за безбедност Леонид Матјухинза АФП, пренесува Танјуг. Матјухин додаде дека конвојот го застанале граничарите и дека битката е во тек.
25.08.2014 - 14:06
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа