По љубовна расправија со девојката 27-годишно момче се фрли од зграда

27- годишно момче се фрли од третиот спрат на комплексот "Меден рудник" во Бургас. Инцидентот се случил синоќа околу 23:30 часот, пренесува бугарскиот весник 24 часа.

 

Лакарите сеуште се борат за животот на 27-годишниот Иван.Г. кој од падот се здобил со тешки телесни повреди.

 

Инцидентот се случил откако Иван отишол на гости кај неговата девојка, која е 10 години постара од него. По вечерата со која двајцата конзумирале и големо количество на алкохол, љубовниците започнале да се расправаат. 

 

Бугаринот без да размисли за последиците се затрчал кон терасата и скокнал.

25.08.2014 - 13:05
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа