Млада мајка заспала до својот Ајфон - завршила во болница
На денешно време секаде со нас си ги носиме мобилните телефони, но дали некогаш сте помислиле дека тоа може да биде исклучително опасно? Изгледа на тоа не помислила ниту младата мајка Дион Бакстер од Есекс која заспала до својот Ајфон па се разбудила со изгореници по телото.
-Кога посегнав по мобилниот, тој беше толку жежок што не можев да го допрам, вели Дион која се разбудила со изгореници на левата дојка.
Оваа 24-годишна мајка не е единствената која се здобила со изгореници од Ајфон.
Пред само две недели младата Џо Паркер на ист начин си ја изгоре раката, а во февруари 14-годишно девојче се здоби со изгореници од втор степен на грбот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа