Исчезна 33 годишно момче на своето работно место

33 годишниот Петар Обреновиќ исчезнал на своето работно место на сплавот Shake'n'shake во Белград, Србија. Тој на сплавот работел како келнер, а последен пат е виден ноќта меѓу 23 и24 август.
Вечерта кога Петар бил на смена, сплавот бил полн со гости, но не била забележана никваситуација кој би укжувала на некакви конфликти меѓу гостите или пак со персоналот.

Кога гостите си заминале колегите почнале да го бараат Петар но од него немало ни трага ни глас. Обезбедувањето тврди дека тој не го напуштил сплавот а полицијата веднаш започнала потрага. Во текот на вчерашниот ден пребарувано е речното корито и теренот низводно околу сплавот.
Се претпоставува дека Петар паднал од сплавот и водата го однела.
Семејството моли за помош

25.08.2014 - 11:32
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега