Кобни грешки кои никогаш не смеете да ги направите на Facebook

Луѓето стануваат сè помалку внимателни кога станува збор за безбедноста на личните податоци на Facebook и останатите социјални мрежи. Net Security направи листа на пет работи на кои треба да се обрне внимание поради личната безбедност како и безбедноста на вашето семејство:

1. Целосниот датум на раѓање

Кога ќе го наведете точниот датум на раѓање, луѓето кои се занимаваат со кражба на туѓи идентитети ја добиваат една од најважните информации која можат да ја искористат за своите цели.

2. Моменталната локација

Многумина сакаат да се пофалат каде точно се наоѓаат така што тоа го објавуваат на Facebook. Проблемот е во тоа што тогаш сите дознаваат дека не сте дома, односно дека сте на одмор. На тој начин многумина станале мета на крадци.

3. Не откривајте дека сте сами дома

Од голема важност е родителите да ги предупредат децата да не пишуваат во своите објави дека се сами по дома, без надзор на возрасно лице.

4. Фотографии од децата

Многу родители на Facebook објавуваат фотографии со имињата на своите деца, а потоа на нив ги „тагнуваат“  роднините и пријателите. Тоа е многу лесен начин на откривање податоци за вашето дете кои некој би можел да ги злоупотреби. Доколку објавувате фотографии, не ставајте информации за лични идентификации.

5. Статус на врска

Најдобро е некои лични работи да си ги задржите за себе.

25.08.2014 - 00:23
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега