Откриени насади со „канабис сатива“ во Тетово и Скопје

 

Вчера од страна на полицијата во тетовско Порој и во Скопје пронјадени се насади од растението „канабис сатива“.

На местото „Ѓусијал“, атар на с.Порој, тетовско, вчера од страна на полициски службеници биле пронајдени и откорнати 815 насади од растението „канабис сатива“ со различна големина од 50 сантиметри до 3 и пол метри и по наредба на судија во претходна постапка на Основиот суд Тетово се фотодокументирани, подигнати и транспортирани за вештачење.

Во Скопје, помеѓу оградата на куќата каде што живее Ф.Л.(40) и железничка пруга, вчера имало насадено 9 стебла од растението „канабис сатива“. Тој е приведен и задржан и по целосно документирање на случајот против Ф.Л. ќе биде поднесен соодветен поднесок.

24.08.2014 - 15:12
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега