И рекол на ќеркичката дека ќе ја убие мајка и - детали за хоророт во Србија

 

Монструмот од Србија, Иван Милошевиќ, кој си ја задави сопругата во затвор, уште од дете правел проблеми, се дрогирал...а бил и уапсен кога бил осмо одделение.

Неговиот татко вели дека снаата Бојана која е убиена ја сакале како своја ќерка. Често била малтретирана од Иван, а додека бил во затвор, таа со ќерката живеела кај нив.

Убиецот се јавил на својата осумгодишна ќерка и и рекол дека ќе ја убие мајка и. Девојчето секако не поверувало во тоа.

- Знам дека син ми е насилник но и понатаму го посетуваше и ја носеше ќерката за да ја види, вели таткото.

Инаку, Иван ја уби поранешната сопруга кога таа дојде да го посети во затворот. Тој ја задави со голи раце.

24.08.2014 - 11:43
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега