Реџепова се бори за живот

По смртта на нејзиниот сопруг Светомир Шешиќ Шеле, кој почина во август минатата година од рак на панкреасот, познатата пејачка има драстично влошена здравствена состојба, и од тогаш, не ја напушта куќата.

Уснија Реџепова веќе две години страда од сериозна болест на белите дробови и се чувствува многу лошо, дури не излегува ни од дома.

- Реџепова е целосно повлечена во себе, речиси и да нема комуникација со никого. Нејзиниот брат и сестра и помагаат и постојано се со неа. Таа беше болна и пред да почине нејзиниот сопруг, но тогаш имаше поддршка и помош. Додека беше во првата фаза од болеста, обично се движеше низ градот и работеше, но кога го изгуби Шеле, нејзиниот живот се претвори во пекол. Оставена е сама и мизерна. Нејзината состојба е критична, едвај може да се движи. Уснија е голем оптимист и затоа не губи надеж дека ќе биде подобро, и прима лекови и терапии. Силна жена све трпи, - пишува српки Курир и додава дека често ја посетува нејзината колешка Мерима Његомир.

23.08.2014 - 13:55
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега