ФОТО: „Не го користете зборот ретардиран, јас сум прекрасна личност“

 

“Ве молам не го користете зборот “ретардиран”. Јас сум прекрасна личност. Јас сум Изабела!”, напишала малечката Изабела повредена од секојдневието со кое се соочува. Нејзината фотографија ја поделиле милиони луѓе на друштвените мрежи.

За ваквиот проблем пишувал и Џон Френклин Стивенс, роден со Даунов синдром и објаснува зошто толку го погодува кога луѓето го користат тој збор во секојдневниот говор.

- “Не морате директно да мислите на мене, со цел да ме повредите мене и милиони други кои живеат со ова пореметување. Пред се никој веќе не го користи со тоа значење, туку со цел да окарактеризира некој како глупав. Јас не сум глупав. Јас не сум губитник. Јас не сум предмет. Јас сум личност”, напишал Стивенс.

23.08.2014 - 11:52
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега