Епидемија од жолтица му се заканува и на Скопје
Регистриран е зголемен број случаи на заразна жолтица на подрачје на Скопје, информираат од Центарот за јавно здравје-Скопје.
Станува збор за вкупно 66 случаи,од кои најголем број,21 се на територијата на општина Шуто Оризари, во Карпош 8,Чаир 6,Центар 7,Кисела Вода 5,Гази Баба 3, Аеродром 9, Илинден - 2, Ѓорче Петров 3, Бутел- 2 случаи.
После анализа на состојбата, пријавена е епидемија на заразна жолтица заради зголемениот број на заболени лица на подрачје на Скопје во јули/август, годинава (Мб 10.2 на 100.000 жители).
Од извршените епидемиолошки анкети и увиди на сите заболени лица, констатирано е дека за краток временски период,односно во изминатите десетина дена е пријавен 21 случај, при што во четири семејства има заболено по два члена (во две семејства од општина Шуто Оризари, едно семејство од општина Карпош и едно семејство од општина Аеродром), како и во едно семејство од општина Шуто Оризари има заболено три члена. Другите случаи се епидемиолошки неповрзани, информираат од Центарот за јавно здравје-Скопје.
Постои можност зголемениот број на лица заболени од заразна жолтица да се должи на интензивните дождови, собирање на атмосферската вода и делумно излевање на канализационата мрежа во општините каде се појавени повеќето случаи. Но,независно од местото на живеење, зголемениот број случаи може да се должи и на недоволно оддржување на лична хигиена (не доволно миење раце) и несоодветно миење на свежо овошје и зеленчук пред конзумација.
Заболените лица се на возраст од 3-58 години:
· 3-14 год: 23 случаи,
· 16-25 год: 19 случаи,
· 29-40 год: 19 случаи,
· 48-55 год: 5 случаи,
Од вкупниот број заболени лица, 40 се болнички лекувани на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби-Скопје и Инфективното одделение при ГОБ 8мисептември. Во моментов на Клиниката се хоспитализирани 15 лица, кои се во добра здравствена состојба.
Олеснителна околност е тоа што се уште трае летниот распуст на учениците,со што дополнително се спречува ширење на заразна жолтица во училиштата.
Одделението за епидемиологија при ЈЗУ Центар за Јавно здравство-Скопје презема соодветни санитарно-хигиенски и против епидемиски мерки за спречување на ширење на заболувањето.
Препорачани санитарно-хигиенски и противепидемиски мерки се особено внимание при одржување на личната хигиена, одржување на хигиената во домот и санитарните јазли, редовно миење на рацете пред јадење и особено после одење во тоалет, детално миење на свежо овошје и зеленчук пред конзумација, конзумација на исправна вода за пиење (да не се користи вода за пиење од дополнителни водоснабдителни објекти – бунари и сл.),
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа