Повеќе од 191.000 жртви во конфликтот во Сирија
Од почетокот на конфликтот во Сирија во 2011 година, повеќе од 191.000 луѓе го загубиле животот, соопштија Обединетите нации.
Високиот комесаријат на ОН за човекови права има документирани 191.369 жртви во Сирија од март 2011 година до април 2014 година. Тоа е двојно повеќе жртви од 2013 година, до кога загинаа 93.000 лица.
- Убиците, уривачите и садистите во Сирија и во Ирак беа охрабрени од парализата на меѓународната заедница, изјави високата комесарка на ОН за човекови права, Нави Пилај.
22.08.2014 - 12:49
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа