ФОТО: И тоа го има- оваа девојка е деверуша за изнајмување

 

26- годишната Џен Гланц од Њу Јорк дефинитивно ја има најинтересната професија- деверуша за изнајмување.

Џен е одлична во својата улога и солидно заработува од тоа. 

Таа помага во пишување на говорите, изборот на танц и во придружбата на невестата. Вели дека чувството да се биде дел од една ваква приказна е одлично.

- Секогаш ги сакав свадбите, а најмногу сакам да ја гледам младата како оди до олтарот. Тоа е прекрасен момент, а јас уживам во сето тоа, вели Гланц.

Џен добри пораки од луѓе кои сакаат да ја ангажираат и надвор од САД. Веќе има резервирано две свадбени церемонии во септември, но за неа не е се во парите, таа ужива да ја работи оваа „професија“.

22.08.2014 - 12:26
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега