ВИДЕО: Мистерија во Мексико: Се отвори земјата, а никој незнае зошто
Бразда долга повеќе од еден километар се отворила минатата недела на северозападот од Мексико, помеѓу градот Хермосило и брегот. Пукнатината е широка околу пет метри и длабока осум метри. Сеуште не е позната причината за нејзиното појавување, јавува Индепендент.
Припадниците на цивилната заштита веруваат дека се создала поради земјотресот кој го погоди тоа подрачје, додека геолозите од Универзитетот во Сонор мислат дека земјоделците на тоа подрачје изградиле резервоар за дождовница кој сега почнал да истекува.
Експертите веруваат дека тоа можело да создаде подземен тек кој ја омекнал земјата над него па таа се срушила.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа