Пукање во Карпош 4
Маж на возраст од околу 40 години е приведен попладнево од страна на полицијата откако отворил оган од автоматска пушка во својот стан во втората кула на улицата Вич во Карпош 4.
За среќа никој не бил повреден. По пријава на станари, на местото на инцидентот се упатила полициска патрола која го уапсила човекот и ги утврдува причините за пукотницата.