Грчката крајбрежна стража спаси повеќе од 180 илегални имигранти

Грчката крајбрежна стража спаси 180 илегални имигранти за само неколку часа во реонот на Егејското Море. Двајца странци се уапсени за организирање на илегалното преминување.

Еден дел од имигрантите се откриени во близина на островите Родос и Хиос, други во близина на островот Самос, а трети во реонот на островите Агатониси и Фармакониси. Имигрантите патувале со гумени чамци, кои се дупнале.

Грчките власти не ја соопштуваат националноста на имигрантите.

22.08.2014 - 11:01
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа