СЗО ќе одржи состанок на почетокот на септември за справување со еболата

 

Светската здравствена организација соопшти синоќа дека во почетокот на следниот месец ќе одржи разговори за потенцијалните начини на лекување и вакцини, за да се спречи смртоносното ширење на еболата во Западна Африка.

Таа заразна болест досега уби 1.350 луѓе, од 2.473 случаи во четири држави – Гвинеја, Либерија, Нигерија и Сиера Леоне, покажуваат податоци на таа организација на ОН.

– Консултациите ќе бидат одржани за да се добијат стручни мислења за експериментални терапии и вакцини кои најмногу ветуваат во сузбивање на еболата во Западна Африка, се вели во соопштение на СЗО.

Состанокот е закажан за 4 и 5 септември во Женева.

Во разговорите во седиштето на СЗО ќе учествуваат повеќе од 100 експерти од областа на фармацевтски и клинички истражувања како и експерти за етички и правни и регулаторни прашања.

СЗО овој месец одобри употреба на нетестирани медикаменти за лекување заразени од ебола, но недоволните количини средства покрена прашање кој има предност во примањето третман. 

22.08.2014 - 10:47
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега