Објавена ранг-листата на наставниците и професорите од екстерното тестирање
Од денеска на интернет страниците mon.gov.mk и dic.edu.mk, објавена е ранг листата на наставниците од основните и средните училишта, изработена согласно извештајот со резултатите од спроведеното екстерно проверување на постигнувањата на успехот на учениците за учебната 2012/2013 година.
Согласно одредбите во законите за основно и средно образование, наставниците коишто се наоѓаат во долниот дел од оваа ранг листата, односно 20% од вкупниот број на наставници коишто имаат најголеми отстапувања во оценувањето на учениците во учебната 2012/2013 година, ќе добијат соодветна стручна советодавна помош, односно ќе посетуваат советодавни обуки коишто ќе бидат организирани од страна на Бирото за развој на образованието, за што дополнително ќе бидат информирани.
Додека, решенија за зголемување, односно намалување на платите на наставниците согласно извештај со резултати од спроведено екстерно проверување на постигнувањата на успехот на учениците, ќе се изготуваат почнувајќи од учебната 2013/2014 година, за која, согласно законските одредби, извештајот ќе бидe објавен во втората недела на месец септември, информираат од МОН.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа