Вегетаријанците имаат поголем ризик за физички и ментални заболувања

 

Според најновите истражувања  вегетаријанците имаат поголем ризик за физички и ментални заболувања, без разлика на својот начин живот.

 

Австриското истражување во кое учествуваа 1320 учесници,открива дека вегетаријанската исхрана, во која помалку се внесуваат заситени масти, го зголемува ризикот од рак, алергии и ментални болести, како што се депресија и анксиозност.

Од  истражувањето 330 биле вегетаријанци, 330 јаделе месо но и и многу зеленчук и овошје, 330 јаделе се но помалку месо, а 330 јаделе многу месо секојдневно.

Меѓу другото, откриено е и дека вегетаријанците конзумираат помалку алкохол и имаат помала телесна тежина, но и покрај тоа имаат послабо физичко и ментално здравје.

Според податоците добиени од истражувањето учесниците кои јаделе помалку месо многу ретко оделе на лекарска контрола поради своето здравје.

- Нашата студија покажа дека возрасните Австријци кои се хранат вегетаријански се помалку здрави, имаат лош квалитет на животот и им е потребна подобра медицинска грижа, изјави еден од членовите на истражувачкиот тим.

 

 

21.08.2014 - 16:04
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега