ВИДЕО: Шакира осудена за плагијат
Хитот на колумбиската пејачка Шакира, "Loca", објавен во 2010. година е плагијат на песна која ја направил доминикански музичар во 1998. година, оцени њујоршкиот судија по завршувањето на судската постапка за кршење на авторски права.
Во пресудата на 40 страници, објавена во средата, сојузниот судија Алвин Хелерстајн процени дека "Loca" е плагијат на песната на доминиканскиот кантавтор Рамон Ариас Васкез, познат како Ариас. На судењето кое траеше 11 дена во Њујорк, Ариас сведочеше дека својата песна "Loca con su Tiguere" ја напишал помеѓу 1996. и 1998. година, па дури и ја отпеа на судското сослушување.
Случајот сега е проследен на следно рочиште каде ќе биде одредена сумата што славната пејачка ќе мора да му ја исплати како оштета.
Шакира е веќе обвинета дека и нејзиниот хит, химната на фудбалското првенство во 2010 година, Waka Waka - This is Africa, го презела од карипски и афрички бендови од осумдесетите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа