"Направив мала грешка" - шокантна изјава на убиецот на Лука

Марко Миличев, убиецот на 21-годишниот Лука, откако го прегзил со мини-куперот па избегал како ништо да не се случило, и пратил порака на своја пријателка во која напишал дека направил мала грешка па затоа не се чуствува добро.

Како што пренесува српскиот Курир, Марко признал на неколку свои другарки дека бил мртов пијан и дека направил грешка. Отишол дома да спие, а откако се разбудил не чуствувал ни ронка каење, за што говори и фактот дека иако поради него згаснал млад живот тој тоа го нарекува грешка.

- Еве ме во Белград. Направив мала грешка, ништо серизоно, гласела пораката на Марко од кој повторно нема трага.

21.08.2014 - 13:37
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа