Трагедија во Хрватска: Нуркачи ги бараат деловите од телото на девојче кое го распарчила јахта

16- годишно девојче од Германија смртно настрада утринава во стравична несреќа која се случила утринава на пределот на јужниот Фажански канал.

Несреќата се случила кога таа нуркала а на неа налетала моторна јахта долга 13.6 метри која пловела под италијанско знаме.

Според податоците од Министерството за поморство, на брегот на полуостровот Пунтижел наспроти островчето Козада, го нашле телото на мртва женска личност во нуркачкиот оддел.

Очевидците на настанот опишале што се случило, па набрзо било потврдено дека станува збор за Ј.К.

Телото веднаш било префрлено во Заводот за итна медицинска помош, но било констатирано дека Германката починала поради здобиените тешки телесни и смртоносни рани и ампутација на делови од телото.

Хрватската полиција трага по моторната јахта наречена Con Tici 1, со италијанско знаме, долга 13.6 метри и моторна сила од 330 kW, во сопственост од Л.Ф. од Италија.

21.08.2014 - 10:24
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега